Крилниот напаѓач на Интер, Алексис Санчез, би можел да се врати во Англија, каде што играше за Арсенал и за Манчестер Јунајтед. Евертон е заинтересиран за 33-годишниот чилеански репрезентативец.
Италијанскиот првак им понудил на „карамелите“ да го земат Алексис без да платат отштета за трансферот. На Интер му е поважно да се ослободи од високата плата на напаѓачот.
Санчез е во Интер од 2020 година, но има релативно периферна улога во тимот поради честите повреди. Тој има договор до 2023 година, но клубот сака да се раздели со него оваа зима.
Чилеанецот оваа сезона учествуваше на 12 натпревари во Серија А, на кои постигна два гола и забележа три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













