Connect with us

Интер ја декласира Салернитана и сега е на +10 во однос на Јуве (ВИДЕО)

Интер ита кон шампионската титула во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги ја декласира Салернитана со 4-0 на „Џузепе Меаца“ и сега има 10 бода предност во однос на првиот конкурент Јувентус.

Маркус Турам во 17.минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Лаутаро Мартинез со удар од 16 метри зголеми на 2-0.

Пред истекот на првиот дел Дензел Дамфрис постигна трет гол за Интер, а во судиското продолжение од мечот серијата голови ја заокружи Марко Арнаутовиќ за конечни 4-0.

Торино претходно го победи Лече со 2-0, со головите на Беланова и на Запата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови