
Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, најверојатно ќе се пресели во Милано во зимскиот преоден рок, објави „Тутоспорт“. Полскиот интернационалец влезе во последната година од договорот, па Наполи не би имал против да го продаде во јануари и да заработи барем нешто од неговото заминување.
Милик не е во плановите на Гатузо оваа сезона, нема одиграно ниту една минута и сака што е можно побрзо да ја промени средината. Интер и Милан ја следат ситуацијата и сакаат да го донесат во Милано.
Антонио Конте сака алтернатива за Ромелу Лукаку, додека Стефано Пиоли сака да биде добро покриен за мечевите кога ќе го нема на располагање Златан Ибрахимовиќ.
Сепак, Наполи за Милик бара отштета од 15 милиони евра, а миланските гиганти се подготвени да платат само 5 милиони евра и дополнителни бонуси за успеси.
Покрај Милан и Интер, во трка за Аркадиуш Милик е и шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
