
Интер ќе влезе во трка со Баерн Минхен за крилниот играч на Олимпик Марсеј, Луис Енрике. „Нероаѕурите“ се подготвени да платат околу 29 милиони евра за 23-годишниот Бразилец.
Спортските директори на Баварците, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, остануваат во контакт со претставниците на крилниот фудбалер, бидејќи сметаат дека тој може да има клучна улога во тимот следната сезона. Сепак, засега Баерн сè уште нема доставено официјална понуда.
Договорот на Луис Енрике со Олимпик Марсеј трае до летото 2028 година.
Оваа сезона има одиграно 31 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи девет голови и осум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal