Един Џеко на 35 години игра како препороден во Интер, меѓутоа италијанскиот првак паралелно работи на ангажман на нов напаѓач кој треба потоа да го наследи босанскиот интернационалец. Џеко во Интер пристигна летово од Рома, а договорот со Интер му истекува летото 2023 година.
Цел на „нероаѕурите“ следното лето ќе биде Себастијан Халер, 27-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска кој моментно го носи дресот на Ајакс. Тој е член на холандскиот тим од јануари годинава, а оваа сезона на 24 натпревари има одличен ефект од 22 гола и шест асистенции во сите натпреварувања.
Тој на шест натпревари во Лигата на шампионите постигна дури 10 гола и е вистинско откритиие на есенскиот дел од сезоната.
Претходно во кариерата играше за Вест Хем, Ајнтрахт Франкфурт, Утрехт и за францускиот Оксер каде ја започна својата кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













