Интер може да се раздели со еден од своите главни играчи, Дензел Дамфрис, пишуваат медиумите во Италија. Има многу сериозен интерес за репрезентативецот на Холандија и тој би можел да биде продаден ако пристигне добра понуда.
28-годишниот десен бек има договор за уште една сезона со „нероаѕурите“. Двете страни се во преговори за негово обновување, но ако тоа не се случи тогаш продажбата на Дамфрис ќе стане императив.
Холанѓанецот е дел од Интер од летото 2021 година и забележа 129 настапи за тимот, постигна 10 гола и имаше 20 асистенции.
„Газета дело спорт“ пишува дека на „Џузепе Меаца“ веќе ја пронашле и неговата замена. Станува збор за 19-годишниот десен бек на Фиорентина, Мајкл Кајоде. Италијанецот е високо ценет од „виолетовите“, а Интер ќе се обиде да ја намали неговата цена, вклучувајќи го и Валентин Карбони во евентуална зделка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal