Connect with us

Интер го претстави Хоакин Кореа како ново засилување

Италијанскиот првак Интер успеа да доведе уште едно квалитетно засилување во нападот. Нов фудбалер на „нероаѕурите“ е Хоакин Кореа, кој потпиша договор до јуни 2025 година. Тој доаѓа како позајмен играч од Лацио за претстојната сезона, со клаузула за задолжителен откуп на договорот.

Кореа беше голема желба на тренерот Симоне Инзаги кој претходно долго соработуваше со крилниот напаѓач на „Олимпико“ и добро ги знае неговите квалитети.

Интер до крајот на летниот преоден рок треба да го комплетира трансферот и на италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови