Connect with us

Интер го прегази Милан во Ријад и го освои Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Интер е победник на Суперкупот на Италија откако во пресметката во Ријад го совлада градскиот ривал Милан со убедливи 3-0. Тимот на Симоне Инзаги беше подобар и заслужено го освои трофејот.

Федерико Димарко во десеттата минута го отвори резултатот, а Един Џеко во 21.минута зголеми на 2-0.

Третиот гол беше дело на Лаутаро Мартинез во 77.минута. Милан не успеа да стори ништо повеќе на овој дуел и јасно е дека составот на Стефано Пиоли влегува во криза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови