Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Интер, оствари важен триумф (2-4) на гости против Рома. Составот на Симоне Инзаги покажа квалитет и постигна четири гола против „волчицата“ на „Олимпико“.
По овој триумф, Интер има 60 бода, седум повеќе од Јувентус кој има еден одигран натпревар помалку.
Ачерби во 17.минута донесе водство за Интер, но Рома одговори со двата гола на Мансини во 28.минута и на Ел Шарави во 44.минута за предност на полувреме.
Сепак, Интер доминираше во вториот дел и постигна три гола. Маркус Турам донесе израмнување во 49.минута, а потоа Анхелињо си постигна автогол во 56.минута.
Во финишот, дефанзивецот Алесандро Бастони во 93.минута ги постави конечните 2-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













