
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ќе го напушти Интер и ќе се врати во Челси, а раководството на италијанскиот првак работи брзо за да донесе соодветна замена. Цел на „нероаѕурите“ е Антони Марсијал, напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Тој дојде на „Олд Трафорд“ од Монако пред шест години за 50 милиони фунти, а моментално заработува 200.000 фунти неделно. Сепак, за него веќе нема место во составот на Манчестер Јунајтед откако пристигна и Џејдон Санчо и тој е во потрага по нова средина.
Интер е подготвен да ги исполни неговите барања и да го доведе на „Џузепе Меаца“. Во меѓувреме, дојде и демант од агентот на Лаутаро Мартинез дека се подготвува негов трансфер во Тотенхем.
„Тој е среќен во Интер“, истакна агентот на Лаутаро Мартинез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
