Италијанскиот првак Интер ќе се обиде да ја надомести продажбата на Ромелу Лукаку во Челси со ангажман на неколку офанзивни засилувања од Серија А. Трансферот на Един Џеко е веќе реализиран, тој ги мина медицинските прегледи и потпишува двегодишен договор, а останува само промоцијата во дресот на „нероаѕурите“.
Џузепе Марота тргнува по нов фудбалер, а тоа е капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Крилниот напаѓач на „наполитанците“ долг период преговара за продолжување на соработката со Аурелио де Лаурентис, но никако не можат да изнајдат заеднички јазик. Инсиње влегува во последната година од договорот, а Наполи одреди отштета од 30 милиони евра.
Марота ќе се обиде малку да ја намали оваа сума, но сериозно размислува за понуда до Наполи за Лоренцо Инсиње. Тој е расположен за други опции откако доби одговор дека раководството на Наполи нема да може да ги задоволи неговите финансиски барања за продолжување на соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













