Connect with us

Интер го договори Марко Арнаутович

Интер го договори трансферот на напаѓачот Марко Арнаутович кој ќе пристигне од Болоња, пренесуваат италијанските медиуми. Зделката најверојатно ќе биде во форма на позајмица од 4 милиони евра со задолжителна опција за нејзино откупување во износ од уште 4 милиони.
Последните 2 милиони се распределуваат како лесно достижни бонуси.


За 34-годишниот играч е подготвен договор до летото 2025 година со сезонска плата од 3,7 милиони евра, плус бонуси. Се очекува играчот денеска да пристигне во Милано и утре да ги помине медицинските прегледи.

„Нероаѕурите“ конечно најдоа нов напаѓач откако не успеаја со неколку трансферни цели како Ромелу Лукаку, Алваро Мората, Џанлука Скамака и Фоларин Балогун.

Ова ќе биде второ враќање на Арнаутович во миланскиот гигант по 2009/10 година, кога тој одигра само 55 минути на позајмица од Твенте. Тој потоа играше за Вердер Бремен, Стоук Сити, Вест Хем и Шангај Порт, а за Болоња постигна 25 гола на 58 натпревари во последните две сезони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови