
Интер ја обезбеди последната четвртфинална карта во Купот на Италија со победа од 2-0 над Удинезе на домашен терен.
„Нерoаѕурите“ и покрај ротираниот состав, го надиграа противникот на стадионот „Џузепе Меаца“. Двата гола за победата беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Марко Арнаутовиќ и Кристијан Аслани, со погодоци во 30. и 45. минута.
Во четвртфиналето, Интер ќе се соочи со Лацио. Останатите двојки во оваа фаза се Милан против Рома, Болоња против Аталанта, и Јувентус против Емполи.
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат во февруари.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
