Connect with us

Интер далеку од договор со Марсело Брозовиќ

Италијанскиот првак Интер се соочува со проблеми при преговорите со хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ. По големите намалувања на трошоците, Интер создава нов тим, но сака да го продолжи договорот со ѕвездите кои го сочинуваат столбот на тимот. Меѓу нив е и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.

„Среќен сум што можам да ви кажам дека се договоривме речиси се со Николо Барела и со Лаутаро Мартинез. Наскоро треба да потпишат нови договори. Од друга страна, ние сме многу подалеку од договор со Брозовиќ. Сепак, верувам дека ќе го решиме и тоа“, изјави Марота.

Интер по осум одиграни кола се наоѓа на третото место на табелата во Серија А, а за два дена ќе се сретне со Јувентус во големото италијанско дерби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови