Италијанскиот првак Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Аргентинецот ќе го напушти Торино на крајот од сезоната како слободен агент откако двете страни не постигнаа соглавност за нова соработка иако преговорите траеја многу долго.
Директорот на Интер, Бепе Марота, како што откриваат медиумите на Апенините, веќе имал конкретен разговор со Дибала и успеал да го убеди тој да се пресели на „Џузепе Меаца“. Во игра е и Милан, меѓутоа одличните релации на Марота и Дибала се клучот за неговото пристигнување меѓу „нераѕурите“.
Дибала треба да биде замена за неговиот сонародник Лаутаро Мартинез, кој на лето би можел да биде продаден. Клубот за него бара отштета од 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













