
Интер ќе биде без тројца важни фудбалери за претстојниот натпревар против Удинезе во Серија А овој викенд. Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Пјотр Зиелински нема да бидат на располагање на тренерот Симоне Инзаги, бидејќи сите тројца ја пропуштија последната тренинг-сесија во петокот.
Репрезентативната пауза не се покажа позитивна за „нероаѕурите“. Мартинез има истегнување на флексорниот мускул, проблем кој го мачи веќе подолго време и сè уште не е целосно рехабилитиран. Се очекува да го пропушти натпреварот со Удинезе, но да биде подготвен за дербито против Милан во Купот на Италија во текот на следната недела.
Во меѓувреме, Дамфрис има мускулен проблем, кој е дури и посериозен. Според прогнозите, ќе биде надвор од терените барем неколку недели. Во најдобар случај, би можел да се врати за натпреварот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Зиелински, пак, сè уште се опоравува од повредата на листот. Се очекува да се врати на теренот пред крајот на април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
