
Италијанскиот првак Интер официјално објави дека турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу ќе мора да паузира поради повреда. Фудбалерот за врска се здоби со повреда уште во 12. минута на синоќешниот меч со Рома, кое „нероаѕурите“ го добија со 0-1.
„Хакан Чалханоглу беше подложен на магнетна резонанца ова утро во клиничкиот институт „Хуманитас“ во Розано по вчерашниот натпревар против Рома. Испитувањата покажаа истегнување на адукторот на левата нога“, стои во официјалното соопштение на „нероазурите“.
Според „Газета дело спорт“, тоа значи дека Чалханоглу сигурно ќе го пропушти дуелот со Јанг Бојс в среда во Лигата на шампионите.
Полошата вест за Интер е дека Турчинот останува под сериозно прашање и за големото дерби со Јувентус следниот викенд, а неговата ситуација ќе се проценува секој ден.
Според некои информации, ќе му треба вистинско „чудо“ за да се опорави за натпреварот со „бјанконерите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Алиоски со Ал-Ахли ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
