Интер е во финансиска криза и претседателот Стивен Жанг побарал намалување на платите на фудбалерите од идната сезона, но тие заеднички го одбиле барањето. „Нероазурите” ја прославија 19. шампионска титула во Серија А пред една недела, но славјето траеше пократко од посакуваното бидејќи претседателот Жанг ги истакна финансиските проблеми на клубот. Тој ги замолил сите, играчкиот кадар и членовите на стручниот штаб предводени од шефот Антонио Конте, да прифатат намалување на платите со цел да му помогнат на клубот да се врати во подобра финансиска ситуација.
Ова вклучува и целосно откажување од една месечна плата и од претходно договорените бонуси за „скудетото“. Сепак, “Кориере дело спорт” тврди дека играчите не дале “зелено светло”, а некои дури и го искажале своето незадоволство на агресивен начин. Весникот потенцира дека и тренерот Конте и директорите Марота и Аусилио, исто така, не се задоволни од најновите барања на сопствениците на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













