
Легендарниот играч од средниот ред на Барселона и поранешен репрезетативец на Шпанија, Андрес Иниеста, се приклучи на Клуб Емирати, соопшти клубот од Обединетите Арапски Емирати.
„Добредојде Иниеста“, напиша тимот на Твитер.
Клубот од Рас Ал-Каима објави слика на Иниеста облечен во тимски дрес и додаде дека условите на договорот ќе бидат објавени на прес-конференција.
🔥💚
— شركة نادي الامارات لكرة القدم (@Emirates_FC) August 8, 2023
@andresiniesta8 @fabriziorom pic.twitter.com/eW3tm0KTh2
39-годишниот Иниеста го напушти јапонскиот клуб Висел Кобе минатиот месец по пет години поминати во тимот.
Иниеста освои девет титули во Ла Лига со Барселона и четири титули во Лигата на шампионите. Со Шпанија беше светски првак во 2010 година и европски првак во 2008 и 2012 година. Откако ја напушти Барселона во 2018 година, тој се приклучи на Висел Кобе и го предводеше клубот до нивната прва титула следната година, освојувајќи го Купот на Императорот, како и стигнувајќи до полуфиналето на азиската Лига на шампиони во нивниот прв настап во континенталното натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal