Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на официјалната прес-конференција пред утрешниот почеток на Светското првенство во 2022 година со жестока одбрана на Светското првенство, но и за домаќонот Катар.
Изборот на Катар за домаќин на Светското првенство беше предмет на сериозни критики, но Инфантино не се согласува со нив.
Организациите за човекови права во пресрет на Светското првенство континуирано ги критикуваа властите во земјата за нивните политики за правата на трудовите мигранти, жените и сексуалните малцинства.
„Ова еднострано читање на моралот е лицемерно. Не сакам да давам животни лекции, но ова што се случува е крајно неправедно. За она што ние Европејците го направивме во последните 3.000 години, мора да се извиниме во следните 3.000 години, пред да држиме лекции по морал на другите“, изјави Инфантино.
Имаше сериозни обвинувања против Катар за кршење на човековите права, криминализација на ЛГБТИ заедницата и ужасни услови за работа на работниците мигранти, што резултираше со смрт на над 3.000 од нив.
„Денес се чувствувам Катарец, денес се чувствувам Арапин, денес се чувствувам Африканец, денес се чувствувам геј, денес се чувствувам обесправено, денес се чувствувам како печалбар“, рече Инфантино на оваа тема.
“I don’t have to defend Qatar they can defend themselves. I’m defending football and injustice.”
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 19, 2022
FIFA president Gianni Infantino’s opening statement as he addressed the media on the eve of the World Cup in Qatar ⤵️ pic.twitter.com/q1rzwx63YU
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal