
Трагична вест доаѓа од Хрватска. Легендарниот хрватски фудбалер и поранешен селектор на „коцкестите“ Златко Крањчар, почина на 64-годишна возраст. По кратко боледување и префрлување од Задар во Загреб, тој ја загуби животната битка во клиника во Загреб.
На 18 февруари Златко Крањчар беше примен во клиника поради проблеми со црниот дроб, а откако состојбата сериозно му се влошила бил префрлен во Загреб. За жал, не успеа да се опорави.
Златко Крањчар најголем дел од кариерата ја мина во Динамо Загреб, настапуваше и за Рапид Виена и за Сент Полтен во Австрија. Беше дел од југословенската фудбалска репрезентација, а за Хрватска одигра два натпревари. Беше селектор на Хрватска, тренер на Динамо Загреб и голем број клубови, а последно работеше во олимписката репрезентација на Иран.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
