
Еден од челниците на Бугарскиот фудбалски сојуз, Георги Иванов, вели дека бугарската репрезентација е со амбиција да ја победи Македонија во првиот натпревар од новото издание на турнирот во Лигата на нации.
„Влогот на натпреварот со Северна Македонија е голем, имајќи предвид дека сакаме да се пласираме високона турнирот. Спортот не треба да создава политички проблеми меѓу Бугарија и Македонија, бидејќи на крајот спортот секогаш треба да носи мир и задоволство кај луѓето. Имаме добра организација што ја направивме заедно со домаќините од Разград ќе се погрижиме средбата да помине без проблеми“, изјави Иванов за БНТ.
Амбициозни сме за победа. Веќе имаме подмладен тим составен од квалитетни играчи, заклучува Иванов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
