Connect with us

Има договор: Мбапе на лето прави трансфер во Реал Мадрид

Француската ѕвезда Килијан Мбапе на лето ќе го напушти Пари Сен Жермен и како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди „Footmercato“. Постигнат е договор меѓу двете страни, а тоа најверојатно нема официјално да биде обелоденето сѐ до завршувањето на сезоната.

Од 1 јануари 2024 година Мбапе има можност да преговара со други клубови, со оглед дека има уште шест месеци од договорот со ПСЖ, а Реал Мадрид му постави ултиматум до 15 јануари јасно да ги извести дали има намера на лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Очигледно дека имало сериозни преговори меѓу двете страни и дека, барем според информацијата на „Footmercato“, Мбапе дал согласност за преселба во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови