
На повеќе од убедлив начин Брегалница го одигра првиот натпревар пред своите навивачи во новата сезона, триумфирајќи со 5-0 во соседското дерби против Осогово.
Шефот на стручниот штаб, Добринко Илиевски секако е задоволен од изданието на своите избраници, иако потенцирајќи дека на терен и воопшто не било се така лесно како што изгледа од страна.
„Осогово е цврст, агресивен противник и ние тоа многу добро го знаевме уште пред натпреварот. Мора да признаам дека не беше се така лесно во првото полувреме, но со помош на навивачите кои навистина не понесоа брзо го скршивме отпорот на противникот. Потоа комплетниот наш квалитет дојде до израз и стигнавме до убедлива победа. Овој триумф секако мора да биде само дополнителен мотив за одржување на ритамот но и уште поквалитетни изданија во наредниот период“ – вели Илиевски.
Брегалница во следното 3. коло гостува на новиот второлигаш Питу Гули во Крушево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
