
По гостинскиот триумф од 2-4 против Плачковица во првото коло од новата сезона во Втората лига – Исток, Брегалница денеска во вечерниот термин од 19 часот на Градскиот стадион во Штип ја очекува првата средба пред домашните навивачи, во дербито на Истокот против Осогово.
Огромна е желбата, како што вели шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски – Пижон, кај секој поединец во тимот да се стигне до нов триумф со што ќе се продолжи низ зацртаниот амбициозен пат во новата сезона.
„Имавме тежок натпревар во Радовиш со многу пресврти, но на крајот екипата покажа вистински карактер и сосема заслужено стигнавме до победата… На ред е сега тимот на Осогово, амбициозен состав од млади и перспективни играчи кој навистина го почитуваме и со максимален респект ќе пристапиме на натпреварот“- вели Илиевски.
Ова е прв натпревар за Брегалница со еден нов тим, нов сопственик и нови амбиции, пред домашната публика…
„Да, ние добро знаеме колку нашите навивачи посакуваат победа на отворањето на сезоната на домашен терен. Затоа максимално се подготвуваме носени од желбата да стигнеме до трите бода“ – истакнува стратегот на Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
