Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев и официјално е промовиран во дресот на словачкиот прволигаш Серед, чиј тренер е македонскиот стратег Славчо Војнески.
Илиев следната сезона ќе ја мине во Серед како позајмен фудбалер од Арсенал, со можност „топчиите“, доколку се одлучат на тоа, да го вратат по шест месеци.
„Тука сум за да бидам на терен во квалитетен шампионат како словачкиот кој ќе ми помогне за континуран раст. Но, тука сум и да му помогнам на тимот да ги реализира своите цели и амбиции“ – истакна Илиев на промоцијата.
Преселбата на Илиев во Серед на официјалната страница ја објави и Арсенал посакувајќи му многу успех во новиот клуб престојнава сезона.
„Со нетрпение го чекаме Дени повторно во нашиот клуб, верувајќи дека ќе следиме многу успешни негови настапи оваа сезона во Серед“ – истакнуваат од Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













