
Брегалница и Ренова утре (14 часот) на Градскиот стадион во Штип ја отвораат пролетната полусезона во Првата фудбалска лига. Ќе биде тоа и официјално деби за новиот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски кој го презеде тимот во паузата.
Тој го потенцира задоволството од сработеното на зимските подготовки, но, како што вели, сето тоа останува да се преточи на дело и на официјалните првенствени натпревари.
„Секако, задоволни сме од реализираните подготовки во Анталија. Имавме повеќе од квалитетни пријателски натпревари против етаблирани европски клубови со милионски буџети, кои носат еден нов степен на фудбалско искуство за фудбалерите. Задоволството не е само од резултатите, задоволен сум од пристапот кон играта, начинот на реализација на самите подготовки и од фактот дека фудбалерите веќе ја разбираат мојата филозофија, пристап и очекувања. Но, сето тоа останува зад нас, и сега следи најважното – официјалните првенствени натпревари кои секако се нешто поразлично“, вели Ѓорѓиоски.
Според предводникот на тимот на „сините“, Брегалница низ пролетниот дел од сезоната ќе се води согласно принципот „секој следен натпревар е најважниот“. Утре е првиот најважен против Ренова на Градскиот стадион во Штип.
„Од првиот момент, веќе од првиот натпревар со Ренова, очекувам на терен да се почувствува новиот пристап во тимот. Секако, Брегалница е клуб кој си има свои зацртани цели и амбиции, но воопшто не се залетуваме. Ќе се водиме согласно принципот – секој следен натпревар е најважниот на сезоната, чекор по чекор без потценување но и без преценување на ниту еден противник“, истакнува шефот на стручниот штаб на Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
