
ПСЖ потврди дека Мауро Икарди нема да игра вечерва на натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг на „Паркот на принцовите“. Објаснувањето е дека Аргентинецот има семејни проблеми.
Јасно е, љубовната драма меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди кулминираше со разделба. Тие ја започнаа својата врска пред осум години, додека Икарди играше во Сампдорија, заедно со поранешниот сопруг на Ванда, Макси Лопез. Се заврши со развод на Лопез и Ванда, која се омажи за Икарди следната година, 2014 година. Има три деца од претходниот брак, и две деца со него.
Ванда Нара деновиве го обвини Икарди за измама, па затегнатите односи се уште се на сила.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, вчера изјави дека Икарди може да биде во тимот, но денес сепак дојде одлуката дека нема да настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко
