
Гонзало Игуаин го напушти Јувентус и ззмина во МЛС – лигата на САД каде настапува за Интер Мајами. Зборувајќи со Кристијан Виери во интервју за Твич, 34-годишниот аргентински напаѓач рече дека американската лига е многу поквалитетна отколку што го мислел тоа кога пристигнал во Мајами.
„Мислев дека ќе играм во МЛС со пура в раце. Но, тешко е, лигата е добра. Според мене, таа е слична по квалитет со Серија А“, изјави поранешниот напаѓач на Јувентус, Челси, Милан, Наполи, Реал Мадрид и на Ривер Плата.
Во Америка, се соочи и со друг факт, дека не е спортска мегаѕвезда.
„Се шетав низ Сан Франциско и луѓето не ме познаваа. Земјата е огромна, фудбалот не е најважен, па можете да бидете опуштени. Тоа не изгледа како лоша опција, но секако е сосема поинаку од Европа и од Јужна Америка“, изјави Игуаин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
