Connect with us

ИГРАЧ ЗА МЕСЕЦ МАЈ: БЕРАТ ЏОНАТАН УСТАБАШИ (ШКУПИ)

Шкупи во последен миг успеа да избори пласман во Лигата на Европа, направи подвиг победувајќи го Работнички со 1-2, а двата гола во судиското продолжение ги постигна Берат Џонатан Устабаши. Голови вредни 250.000 евра и излез во Европа. Во изборот на МАКФУДБАЛ, Устабаши го заслужи признанието за најдобар играч за месец мај во Првата фудбалска лига.

Во негово отсуство наградата ја прими спортскиот директор на Шкупи, Ертан Демири. 

„Благодарност за наградата, Шкупи како клуб е горд што го има играчот на месецот. Објективно, Устабаши е херојот, постигна два гола во клучниот натпревар против Работнички, поразот го претвори во победа и го трасираше патот за излез на европска сцена. Сега сме веќе фокусирани кон подготовките што треба да започнат затоа што не очекува настап во квалификациите за Лигата на Европа“, вели Демири. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови