Осум лица загинаа, а најмалку 14 се ранети во синоќешниот масакр кај Младеновац, на околу четириесет километри од Белград. Цела ноќ траела потрагата по убиецот, 21-годишниот Урош Б, кој утрово е уапсен кај Крагуевац. Пукал на три локации во село Дубона, по што побегнал.
Една од жртвите е пријател на играчот на Фиорентина, Алекса Терзиќ (23), кој се огласи на Инстаграм.
„Почивај во мир добар наш“, напиша повремениот српски репрезентативец покрај две фотографии од жрвтата.
Терзиќ кариерата ја започна во Црвена Звезда, а играше и во Графичар и Емполи. За српската репрезентација има пет настапи, а оваа сезона за Фиорентина настапуваше 26 пати и постигна еден гол во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













