
Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпанската репрезентација Маркос Љоренте (29) се храни како пештерски човек. Станува збор за палеолитската исхрана, која подразбира конзумирање на храна која ја земале луѓето од времето на старото камено доба. Поточно, Љоренте јаде месо, овошје, зеленчук, риба, јајца, јаткасти плодови и слично.
Од друга страна, на пример, не јаде ориз, тестенини, леб, брашно, млечни производи, месни производи и рафинирани јаглехидрати.
„Го јадам она што се јадело во палеолитот. Морав да ја елиминирам рафинираната храна, не смеам ни да ја гледам, ниту житарките. Оваа диета е начин на живот. Вака живеам, вака ќе умрам. Тоа е за моето здравје, не само за фудбалот. Ќе продолжам да се грижам за себе и кога ќе ја завршам кариерата“, изјави Љоренте за „Cadena SER“.
Љоренте ги помина сите возрасти на Реал Мадрид и играше за резервниот, а потоа и за првиот тим. Во Алавес беше кратко време, а Атлетико Мадрид го доведе во 2019 година за 30 милиони евра.
Во Атлетико одигра 194 натпревари, постигна 27 и асистираше за 28 гола. За шпанската репрезентација има 18 настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
