Италијанскиот калчолигаш Лацио е во потрага по тренер за следната сезона по заминувањето на Маурицио Сари.
Џовани Мартушиело го презеде тимот на одреден период, а Клаудио Лотито нема намера да го задржи на таа позиција туку работи на конкретно име кое ќе ги води „небесно-сините“ во иднина.
Како еден од кандидатите се споменуваше Мирослав Клосе и покрај тоа што нема завидни резултати во својата тренерска кариера. Но, дефинитивно посериозно име е Игор Тудор, кој бараше договор барем до крајот на сезоната, а потоа и до летото 2025 година, кој Лацио е подготвен да го одобри.
Хрватскиот стратег е без работа од летото кога ненадејно го напушти Олимпик Марсеј. Преговорите се во тек, а според италијанските медиуми до потпис делат само некои детали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













