
HITC Sevens направи рангирање на сите селектори кои ќе водат репрезентации на претстојното Европско првенство. Со оглед на чудото што го направи, македонскиот селектор Игор Ангеловски е рангиран на петтото место од сите учесници на ЕВРО.
На врвот е селекторот на светскиот првак Франција, Дидие Дешамп, потоа Роберто Манчини, предводникот на Италија, на третата позиција е Луис Енрике, селекторот на Шпанија, а пред Игор Ангеловски е само уште Фернандо Сантош, селекторот на Португалците.
„Без дилема тој е еден од најмалку познатите селектори на ЕВРО, ако не и најнепознатиот. Искуството на Игор Ангеловски е само две години на клупата на клуб од Македонија, кратко асистент во репрезентацијата, и 6 години како селектор. Но, Ангеловски загуби само 16 од 50 натпревари откако е на клупата на Македонија почнувајќи како многу млад селектор во октомври 2015. Ја однесе Македонија на своето прво големо натпреварување, а дури ја победи и Германија на мундијалски квалификациски натпревар пред некој месец. На Македонија ќе ѝ биде потребно чудо за да ја мине групата, но, во секој случај, момците не би можеле да бидат во повешти раце од оние на Игор Ангеловски“, се вели во објаснувањето за Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
