Најдобриот стрелец на Шкендија, Бесарт Ибраими, е полн со оптимизам во пресрет на дуелот од квалификациите за ЛЕ што тетовци ќе го играат на гостински терен против тимот на Сумгајт од Азербејџан. „Црвено-црните“ утре тргнуваат на пат кон Азербејџан, со надеж дека за разлика од ланската кошмарна европска сезона овојпат ќе бидат на висина на задачата.
„Патуваме за Азербејџан со максимална мотивација, веруваме дека сме доволно силни да ја минеме оваа рунда. Секако, нема да ни биде лесно бидејќи секој натпревар носи потешкотии. Сепак, верувам дека имаме квалитет за да одиграме на високо ниво и да дојдеме до резултатот што го посакуваме и да го освоиме Азербејџан. Живееме во тешки времиња, не само на фудбалски план, туку севкупно гледано низ целиот свет. Пандемијата создава проблеми и потребно е време за да се вратиме во нормала. Јас лично чувствувам проблеми при моите настапи, но верувам дека со напорна работа ќе влезам во ритам. Голот на последниот меч со Македонија ЃП ми ја зголемува самодовербата и ми е мотив повеќе и пред дуелот со Сумгајт“, истакна Ибраими.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski