
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, моментно е надвор од теренот поради сериозна повреда на коленото. Тој имаше ѕвездени мигови речиси секаде, но не и на „Камп Ноу“.
„Мојот најлош спомен? Мислам дека тоа беше Барселона. Но, не само за фудбалот. Таму едноставно не бев тоа јас и не се пронајдов. Потоа заминав во Италија и тоа ми овозможи да го освојам светот“, изјави Ибра за „Канал плус“.
Ибрахимовиќ во текот на неговата неверојатна кариера има големи успеси, освојувајќи титули во Италија, Шпанија, Холандија, Франција и во Англија. Тој освои пет трофеи за време на неговиот краток престој на „Камп Ноу“, постигнувајќи 22 гола во 46 натпревари, но беше позајмен на Милан по само 12 месеци со Барса, а потоа и трајно се пресели на „Сан Сиро“ во 2011 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
