Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со италијанскиот калчолигаш Милан, откриваат медиумите на Апенините. Тој стави потпис на верност до јуни 2022 година што значи дека и на полни 40 години ќе го носи дресот на „росонерите“.
„Годините се бројат кај луѓето, не и кај лавовите“, умее да изјави Ибрахимовиќ.
Тој на 17 натпревари оваа сезона во Серија А постигна 15 гола и докажа дека се уште е еден од најдобрите голгетери. Паоло Малдини инсистираше клубот да го задржи и следната сезона и му понуди нов договор.
Се очекува Милан во наредните денови и официјално да го потврди новиот договор на Златан Ибрахимовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













