Фудбалерите на Силекс го завршија својот настап на европската сцена ова лето, по поразот од косовска Дрита од 0-2 на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 2. квалификациско коло од Лига Европа.
Кратовци не успеаја ниту да постигнат погодок во двата европски натпревари летово, дозволувајќи Дрита, иако не демонстрираше поголем квалитет од Силекс на дуелот, да дојде до триумф од 0-2.
По крајно израмнетото прво полувреме без посериозни можности на двете страни, гостите до предност дојдоа со голот од пенал на Гербеши во 48. минута од средбата.
Откако македонскиот состав остана и со играч помалку по исклучувањето на Грозданоски во 78. минута, противниците веќе во 80. минута заокружија на 0-2 со погодокот на Лимани.
Во 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Дрита ќе се соочи со Легија Варшава.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













