Македонскиот фудбал за првпат во својата историја во една од двете свои водечки лиги ќе има дама како шеф на стручен штаб. Новиот член во Втората лига – Исток, ФК Росоман 83 се одлучи како нов тренер за својата дебитантска сезона во второлигашката конкуренција да ја именува поранешната македонска репрезентативка Драгана Костова и фудбалерка на ЖФК Драгон.
Костова, која поседува тренерска А лиценца, во стручниот штаб, како што информираат од Росоман, ќе има и неколку поискусни соработници кои ќе и помагаат во водењето на тимот.
„Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе!“ – и посакаа од ФК Росоман добредојде на Костова.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski