Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, истакна дека нема да конкурира за селекторската позиција во фудбалката репрезентација на Германија. Тој останува посветен на работата во Баерн Минхен со кој сака да освои уште многу трофеи.
„Имам актуелен договор со Баерн Минхен до 2023 година и не би сакал да разговарам за шпекулации. Моите мисли се насочени кон натпреварот со Вердер. Ми се јави Јоги еден ден пред да објави официјално дека заминува. Му реков дека има направено фантастична работа во изминатите 15 години“, изјави тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.
Претходно и Јирген Клоп истакна дека има договор со Ливерпул и дека нема да биде селектор на Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













