
Холандскиот интернационалец Клас – Јан Хунтелар се враќа во Шалке 04. Ветеранот го напушта Ајакс и повторно се враќа во Бундес-лигата со мисија да му помогне на тимот од Гелзенкирхен во борбата за опстанок во најквалитетното германско фудбалско друштво.
Хунтелар во текот на денешниот ден треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да потпише договор со Шалке 04. Тој во периодот од 2010 до 2017 година со успех настапуваше за Шалке, одигра 175 натпревари и постигна 82 гола.
Шалке се наоѓа на последната позиција на табелата во Бундес-лигата со само седум освоени бода по 16 одиграни кола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
