
Германскиот интернационалец Матс Хумелс ја одби понудата на Болоња и нема да го засили клубот, соопштува „Скај Италија“. Пред околу две недели Италијанците открија дека му понудиле договор на дефанзивецот, кој е слободен агент по разделбата со Борусија Дортмунд.
Овие денови, сепак, светскиот шампион од Мундијалот 2014 ги информирал претставниците на клубот од Серија А дека не може да ја прифати понудата.
Имаше очекувања дека Хумелс ќе каже „да“, бидејќи имаше голема веројатност често да биде стартер, а и Болоња се квалификуваше за учество во Лигата на шампионите по минатата одлична сезона во Калчото.
На „Ренато Дал’Ара“ бараат нов дефанзивец поради продажбата на репрезентативецот Рикардо Калафиори во Арсенал.
Инаку, Хумелс останува опција за Милан и за Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
