
Aргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез посакува да го напушти Манчестер Сити. Иако е клучен играч и најчест партнер на Лионел Меси во аргентинската репрезентација, неговата ситуација во Сити е различна. Постигна впечатливи 19 гола и забележа 13 асистенции минатата сезона со ограничена минутажа, а Пеп Гвардиола го гледа како резервен играч, што Алварез повеќе не го прифаќа.
Наводно, Алварез барал од клубот да му одреди реална цена на пазарот, но Сити сака да го задржи и планира преговори по неговото враќање од Копа Америка.
ПСЖ моментно е најзаинтересиран за негов потпис. Алварез има впечатлив трофеен рекорд: со Ривер Плата освои сè што може во Аргентина и Јужна Америка, вклучувајќи ја Копа Либертадорес и јужноамериканскиот Суперкуп. Тој беше и клучен за освојувањето на Копа Америка и другите трофеи со аргентинската репрезентација.
Иако во Манчестер Сити е само две години, веќе ги освои сите важни трофеи во Англија и Европа освен Лига купот и Комјунити Шилд. Двапати ја освои Премиер – лигата, по еднаш Лигата на шампионите, ФА купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, што вкупно прави 14 трофеи во неговата сениорска кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
