Атлетико Мадрид го реализира најавениот трансфер на аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварез од Манчестер Сити. Офанзивецот ги мина медицинските прегледи и стави официјален потпис на договорот.
Атлетико Мадрид ќе плати вкупно 95 милиони евра за ангажманот на Алварез. Од нив 75 милиони евра ќе бидат платени веднаш, а останатите 20 милиони евра се во форма на бонуси.
Хулијан Алварез дојде во Манчестер Сити во 2022 година и освои речиси сѐ за кусиот период во клубот, а исто така и со Аргентина стана светски првак и го освои трофејот на Копа Америка. Сепак, не беше најсреќен на „Итидад“ поради помалата минутажа што јка добиваше од Пеп Гвардиола.
🕷 ¡La araña es rojiblanca! ❤🤍 pic.twitter.com/t5VdXHkSlu
— Atlético de Madrid (@Atleti) August 12, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski