Навивачи на бразилските клубови Палмеирас и Крузеиро имале жестока пресметка на автопатот „Фернао Дијас“ која доведе до трагични последици, со најмалку 17 повредени и еден загинат.
Според Федералната воена и автопатна полиција на Бразил, автобусот кој го користела организираната навивачка група „Мафија Азул“ на Крузеиро бил нападнат од членови на навивачката фракција „Манча Верде“ на Палмеирас.
Навивачите на Палмеирас го поставиле нападот поставувајќи предмети на патот за да ги пробијат гумите на автобусот, а потоа го нападнале со ракети и железни стапови.
𝗟𝗢𝗦 𝗤𝗨𝗘 𝗠𝗔𝗡𝗖𝗛𝗔𝗡 𝗔𝗟 𝗙𝗨́𝗧𝗕𝗢𝗟😰🇧🇷 | Un hincha de Cruzeiro miembro de la “Mafia Azul” murió calcinado tras una emboscada producida por la “Mancha Verde”, el sector más violento de la barra del Palmeiras
— Radio 780 AM (@780AM) October 27, 2024
🔥Los delincuentes identificados con el club paulista… pic.twitter.com/D3bjLUDScu
Автобусот се запалил, а еден навивач на Крузеиро, Хозе Виктор Миранда (30), трагично загинал. Миранда, кој работел како мото-курир, оставил зад себе десетгодишен син.
Клубот Палмеирас излезе со официјален став за настанот.
„Палмеирас ги отфрла сцените на насилство што се случија на автопатот „Фернао Дијас“. Фудбалот не смее да биде позадина за битки и смртни случаи. Фактите треба да бидат истражени од релевантните органи, а сторителите строго казнети“, се вели во соопштението на клубот од Сао Пауло.
Крузеиро исто така го осуди настанот.
„Длабоко жалиме за уште еден насилен инцидент меѓу навивачите, овојпат рано изутринава на автопатот „Фернао Дијас“, кој заврши со смрт на навивач на Крузеиро и неколку повредени. Во фудбалот, кој обединува страсти и луѓе, нема место за насилство. Мора да ставиме крај на овие криминални дејствија“, изјавија од Крузеиро.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski