Хуго Лорис сака да го напушти Тотенхем и да се пресели во Италија. Тој преговара за трансфер во Лацио. Иако има договор со англискиот клуб до 2024 година, Лорис во неколку наврати навести дека сака да си замине ова лето.
Францускиот голман е заинтересиран за проектот на Лацио кој оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. 36-годишниот чувар на мрежата е понуден и на Реал Мадрид откако се случи тешката повреда на Тибо Куртоа. Во оваа фаза, сепак, „кралскиот клуб“ има други опции за замена на Белгиецот.
Интерес за Лорис имаше и од Фиорентина и Ал-Хилал, но тој ги одби тие понуди.
Францускиот голман е член на Тотенхем од 2012 година по неговиот трансфер од Лион, има 447 настапи за лондончани, но остана без освоен трофеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













