
Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата го напушти неодамна крунисаниот јапонски шампион Висел Кобе откако му истече договорот, соопштија од клубот.
Мата потпиша четиримесечен договор на средината на сезоната и беше дел од тимот на Кобе кој за прв пат ја освои шампионската титула.
„Многу сум среќен што бев дел од историскиот момент за клубот за првпат да ја освои лигата. Никогаш нема да ги заборавам спомените што ги направивме заедно“, изјави Мата.
35-годишниот освојувач на Светското првенство со Шпанија во 2010 година, ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2012 година, пред да помине осум сезони во Манчестер Јунајтед.
Потоа играше една сезона во Галатасарај во Турција и потпиша со Кобе како слободен агент во септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
