Хрватскиот третолигаш Кустошија направи рекорден трансфер и продаде фудбалер за 5,2 милиони евра. Американскиот фудбалер со хрватски пасош, Дино Клапија (17) се пресели од Кустошија во бундеслигашот Лајпциг и ќе биде нов соиграч на Елиф Елмас.
Германскиот клуб за младиот напаѓач ќе му плати 5,2 милиони евра на хрватскиот третолигаш, а има и клаузула Кустошија да добие десет отсто од сумата од следната продажба на Клапија.
Клапија пристигна во Кустошија минатиот март од Њујорк Сити, кој е дел од фудбалската групација на Манчестер Сити. И тогаш имаше голем интерес за него, но тој дојде во Кустошија убеден дека тоа е најдобро за неговиот развој. Клапија е роден во САД, а во декември минатата година дебитираше во репрезентацијата на Хрватска до 17 години, откако го извади хрватскиот пасош поради хрватските корени.
Хрватските медиуми откриваат дека интерес за Клапија имало и од Арсенал, Борусија Дортмунд и од Динамо Загреб, но на крајот тој заврши во Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













