
Аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли договорил соработка со францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Тој треба да го замени Андре Вилјаш Боаш кој си замина од кормилото поради несогласувања со раководството на клубот. Сампаоли ќе потпише договор до јуни 2023 година, а доаѓа од бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.
Сампаоли на 26 февруари треба да допатува од Бразил во Франција и да го потпише договорот со Олимпик Марсеј. Тој во минатото беше селектор на Чиле со кој го освои трофејот на Копа Америка, а во 2018 година ја предводеше и Аргентина на Светското првенство, но без поголем успех. Беше тренер и на Севилја, а последните две години работи во Бразил, во Сантош и во Атлетико Минеиро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski