Холштајн Кил се пласираше во германската елита за првпат во историјата. Ова стана факт по ремито 1-1 на домашен терен против Фортуна Диселдорф во натпревар од 33. коло на Втората Бундес – лига. Така, „штрковите“ обезбедија едно од првите две места во конечниот поредок, кои даваат директна промоција во Бундес – лигата.
Холштајн Кил е 58. клуб што ќе учествува во највисокото ниво на германскиот фудбал од создавањето на шампионатот во овој формат од сезоната 1963/64.
Холштајн Кил поведе во втората минута со голот на Бенедикт Пихлер. Фортуна израмни со голот на Христос Цолис кој погоди од пенал.
„Штрковите“ собраа 65 бодови и моментно се лидери на табелата. Второпласираниот Сент Паули може да обезбеди директна промоција уште денеска, доколку на домашен терен освои барем бод против испаднатиот Оснабрик.
Фортуна Диселдорф останува на третото место со 60 бодови и има најмалку загарантиран плејоф за влез во елитата.
За директна промоција, Фортуна Диселдорф мора да се надева дека Сент Паули ќе ги загуби преостанатите два првенствени натпревари, а тие ќе го победат Магдебург во последното коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













